Тежок живот на славниот глумец: На колешка и се доверил дека во детството бил злоставуван од свештеник

Често му го припишувале епитетот на голем заводник, но се јавувале и шпекулации дека глумецот всушност преферирал момчиња.
Додека одел во средно училиште во Индијана, доста се зближил со свештеникот Џес ДиВерд кој наводно лошо влијаел на љубовта на Дин кон тркачките автомобили.
Славната Елизбет Тејлор, според тврдењата на новинарот, Кевин Сесмус, во текот на едно интервју открила дека свештеникот, всушност, сексуално го злоставувал.
„Го сакав Џими и ќе ви кажам нешто, но тоа останува неслужбено додека не умрам, во ред? Кога имал единаесет години и кога мајка му умрела, свештеникот сексуално го злоставувал“ раскажала глумицата во таа пригода.
Таа тврдела дека Џемс Дин тие трауми го прогонувале до крајот на животот.
„Сигурна сум во тоа, знам дека е така, многу пати зборувавме за тоа. Во текот на снимањето на ’Див’ бевме будни со ноќи и зборувавме, а тоа беше една од работите кои ми ги откри“ додала Елизабет Тејлор.
За време на студиите се впуштил во врска со Роџерс Браскет со кој скоро почнал и заеднички живот, иако на својот агент му рекол дека секој живее во своја соба.
Го спојувале и со Марлон Брандо со кого, наводно, бил во тајна садомазохистичка врска, пишува Daily Mail.
Кога се запознале Дин му пришол на Брандо и му рекол:„Јас сум твој најжесток обожавател“ на што наводно, Брандо му одговорил со бакнеж.
Според сведочења на нивни пријатели Брандо бил доминантен во таа врска и понекогаш со часови би го оставал Дин пред вратата на станот, а Дин на пријателите им покажувал лузни од цигари кои Брандо ги гасел на него.
Во текот на животот го спојувале со многу ѕвезди од двата пола како Мерилин Монро или Волт Дизни, а на прашањето за својата сексуалност одговорил:
„Не, не сум хомосексуалец, но не планирам низ животот да одам со една рака врзана зад грбот“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …