(ФОТО) Нашите танчерки први во светот:Македонската химна ечеше во Атина!

Во Атина, Грција, се одржува Светското првенство во танц.
Македонските танчерки се први во светот на Светско првенство во танц кое се одржува во Атина, Грција. Златната медаља им припадна на девојчињата од групата „Џуџиња“, на првиот ден од танцовиот натпревар, во категоријата латино шоу. Освен злато, македонските танчерки, јуниорки од групата Austin Powers, го освоија третото место во латино шоу, во огромна конкуренција од 29 групи во светот.
                 Златната медаља, им припадна на девојчињата од групата „Џуџиња“
„Браво. Ова е најголем успех за нас, а и за Македонија чија химна ечеше во срцето на Грција“, напишаа на својот фејсбук-профил од танцовото студио Eat The Beat, во кое членуваат македонските танчерки, кои, ги освоија првото и третото место во светот.
Македонските танчерки, јуниорки од групата “Austin Powers”, го освоија третото место во латино шоу, во огромна конкуренција од 29 групи во светот.
„Пресреќни сме на овој наш успех. Се подготвувавме за овој натпревар, и навистина успеавме да покажеме дека сме најдобри. Продолжуваме понатаму, со исто темпо во категориите соло и дуо“, ни изјави Сандра Георгиев, дел од тимот кој настапува на Светското првенство во Латино Шоу и Синхро Денс 2017 во Атина, пренесува репортер.
Денес на програмата се категориите соло и дуо.
„Бравооооо, ова е најголем успех за нас а и за Македонија чија Химна ечеше во срцето на Грција!!“ напишаа од студиото на нивната страница на Фејсбук.
Браво девојки горди сме на вас….
Продолжуваме понатаму со другите категории…
Сениорките поминаа во 1/4 финале, денес се очекува нивниот следен настап. Со среќа девојки!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …