Тесла повлекува скоро 500.000 авотмобили поради сигурносни проблеми

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла ќе повлече 475.000 возила Model 3 и Model S за да ги реши проблемите со ретровизорот и хаубата што го зголемуваат ризикот од судир.
Tesla ќе повлече 356.309 возила Model 3 произведени помеѓу 2017 и 2020 година поради проблеми со задната камера и 119.009 возила Model S поради проблеми со хаубата.
Утврдено е дека Моделот 3 може да го оштети кабелот на ретровизорот при отворање и затворање на багажникот, што може да го блокира погледот на патот и да доведе до судир, соопшти американскиот регулатор за безбедност на патиштата.
Моделот S, од друга страна, има проблеми со прицврстување на хаубата што може да доведе до негово отворање и блокирање на шофершајбната, а исто така вклучува и ризик од судир, додава NHTSA.
Тесла соопшти дека не биле свесни дека проблемите веќе предизвикале судир, повреда или смрт, според регулаторот.

This image has an empty alt attribute; its file name is tesla-promo-2.jpg
Вкупниот број на возила што компанијата ќе ги повлече е речиси еднаков на бројот на испорачани автомобили минатата година. По информациите за повлекувањето на возилата, од Тесла не биле достапни за коментар.
Регулаторот неодамна објави истрага за 580.000 возила на Tesla поради одлуката на компанијата да дозволи прикажување на видео игри додека возилото е во движење. Тесла последователно се согласи да ја блокира опцијата, додаде регулаторот.
Во август, NHTSA започна официјална истрага за безбедноста на системот за поддршка на возењето Autopilot на Tesla по серијата судири.
Во февруари, компанијата се согласи да повлече 135.000 возила со екрани на допир, кои исто така вклучувале и ризик од судир, потсетува Ројтерс.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy Z Fold6: Совршена симбиоза со Galaxy Watch Ultra и Buds3 Pro

  Ако некогаш сте посакале светот на технологијата да се впие во вашите секојдневни активности …