Тешка и посебна улога – Џуд Ло ќе го игра Владимир Путин во новиот филм „Волшебникот од Кремљ“

Познатиот британски актер Џуд Ло се соочува со голем предизвик во својата најнова улога. Имено, 52-годишниот актер открил дека ќе го игра рускиот претседател Владимир Путин во претстојниот филм наречен „Волшебникот од Кремљ“.
Во режија на францускиот режисер Оливие Асајас, филмот ќе го следи Путин, кој сега има 72 години, на почетокот на неговата политичка кариера.
„Сè уште не сум почнал да работам на улогата“, изјавил Ло, додавајќи: „Мислам, почнав, но во моментов тоами изгледа како Еверест за искачување, па се чувствувам како да сум сè уште најдолу, а јас гледам кон врвот, размислувајќи: ‘О Боже, што си направив себеси?’“.


Актерот признал дека често има слични чувства кога прифаќа предизвикувачки проекти. „Додека велам ‘да’, обично мислам: ‘Како ќе го решам ова?’“, заклучил тој.
Филмот „Волшебникот од Кремљ“ е заснован на истоимената книга на бестселерот од 2023 година на Џулијано да Емполи, а сценариото го напишале Асајас и Емануел Карере.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Jude Law (@judelawitofficial)


Според Variety, во филмот ќе играат и Пол Дано, Алиша Викандер и Зак Галифианакис. Дано ќе го игра главниот лик Вадим Баранов, уметник кој станал телевизиски продуцент, чија улога вклучува манипулирање со вистината, пропагандата и општеството, прикажувајќи ја Русија како едно големо реално шоу.
„Само неговата љубов кон слободоумната и магнетно привлечната Ксенија може да го одвлече вниманието од оваа опасна игра“, се наведува во описот на филмот.

Фото: Архива/монтажа

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Познато е кога Новак Ѓоковиќ ќе го одигра натпреварот од второто коло на АО: Кој е Хамес Фариа?

Новак Ѓоковиќ во дневната програма ќе го игра натпреварот од второто коло на Австралија опен, …