ТАЖНО! Девојче (15) починало од корона на денот кога требало да се вакцинира! Мајката очајна: „Страшно е кога ги надживуваш децата!“

15-годишно девојче од Велика Британија, кое се заразило со корона вирус, починало на денот кога требало да прими вакцина против „Ковид 19“, објави нејзиното семејство.
Џорџа Халидеј, од Портсмунт, починала во болницата „Кралица Александра“ минатиот вторник, а четири дена пред тоа добила позитивен тест за корона вирусот.
Нејзината мајка, Трејси Халидеј (40), рекла дека девојката била опкружена со љубов и со многу пријатели, талентиран кик боксер и музичар, пренесува Гардијан.
– Беше многу активна, сакаше да излегува и да поминува време со пријателите и да поминува време со своите браќа и сестри, рекла нејзината мајка.
-Таа израсна во многу убава млада дама, која секогаш сакаше да им помага на другите, секогаш беше тука за секого. Ова ви го крши срцето, бидејќи секогаш мислите дека вашите деца ќе ве надживеат, додала таа, истакнувајќи дека нејзините браќа и сестри се очајни.


Како што рекла очајната мајка, страшно е кога родителите ги надживуваат своите деца и тие не можат да се помират со тоа.
Таа рече дека Џорџа, која немала никакви здравствени проблеми, имала симптоми слични на грип пред да направи ПЦР тест кој бил позитивен, а потоа се изолирала во нејзиниот дом од другите жители.
Девојчето се мачело со јадењето во неделата, а во понеделникот воопшто не можела да јаде бидејќи ја болело грлото.
Лекарот и препишал антибиотици, но состојбата и се влошила, била прегледана од доктор кој рекол дека срцето чука брзо и била однесена во болница.
– Бев со неа цело време. Тие се обидоа да ја стават на респиратор за да му дадат шанса на телото да закрепне. Нејзиното чукање на срцето не се стабилизира. Нејзиното срце не можеше да издржи. Тие дадоа се од себе, но не успеаа да ја спасат, вели нејзината мајка.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …