Тамара Тодевска во Тел Авив ќе пее „Proud“

Песната со работен наслов „Proud“ на авторскиот тим во состав Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски во изведба на Тамара, ќе ја претставува Македонија на годинашниот Избор за песна на Евровизија во Тел Авив, Израел.
Ова беше одлучено од консултативното тело на МРТ по иницијатива на Тамара на вчерашното преслушување на песните што неколкумина наши автори ги доставија до МРТ по соопштувањето на изборот за наш годинашен евровизиски претставник.
Во моментов се работи на продукциското оформување на финалната верзија на песната која наскоро ќе и’ биде претставена на јавноста.


Годинашниот евровизиски тим на МРТ го сочинуваат одговорниот уредник на МТВ 1, Анета Андонова, уредникот на Културно-уметничката програма на МТВ1, Мери Попова, уредникот на Културно-уметничката програма на МТВ 2, Авни Ќаили и уредникот на Културната програма на МРА 1, Тони Цифровски.
Во моментов се работи на продукциското оформување на финалната верзија на песната која наскоро ќе ѝ биде претставена на јавноста.
Македонија својот евровизиски настап на сцената во Тел Авив ќе го има во
рамките на втората полуфинална вечер на 16 мај.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …