Реакција од Бобан Милошески за резултатите од годишната програма на Министерство за култура:„Шокиран сум што МК не препознава и не поддржува вистински идеи!“

Официјален став на Бобан Милошески, сопственик на Авалон Продукција, објавен на фан страницата на Авалон Продукција, а по повод резултатите од Годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија за 2019 година.

„Почитувани,
Наместо да даваме поединечни одговори на сите медиуми што се јавија да бараат одговор, како е тоа можно да не` нема во годишната програма на Министерството за култура, го користам нашиот медиум за официјален одговор и во овие неколку реда ќе кажам се` што мислам за годишната програма и за статусот на годишниот проект насловен како „Авалон Колинг“ (сите наши концерти од 01.01.2019 до 31.12.2019 година) којшто го понудивме да биде поддржан од страна на ресорното министерство.


Доволно е само да се погледнат рутите на турнеите на Lenny Kravitz, Sting и на Eros Ramazzotti и да се види дека Авалон Продукција наместо да ги одржи концертите во многу поголеми маркети какви што се Хрватска и Србија, го одбра Скопје. Исто како што проектот Ohrid Calling наместо да го префрлиме на море во Албанија, од петни жили се трудиме да го задржиме во Охрид.
Со сето ова, сакавме да дадеме реален придонес во годината во која на Македонија и` се отвораат евроатлантските перспективи во сегментот на работа во којшто сакале тоа да признаат другите или не, ние како независна продукција сме најквалитетни и најпотентни во целиот регион. А кога е ресорното министерство во прашање, бевме сигурни дека ќе биде препознаено дека со овие проекти не само што даваме огромен придонес на неверојатно ниското ниво на култура во Република Македонија, туку и дека за прв пат со вакви четири сериозно големи проекти сме апсолутни регионални лидери.


Не можам да кажам дека сум изненаден, туку едноставно сум шокиран како ова не е препознаено од Министерството за култура кое нема никаква друга работа, туку да препознава и да поддржува вакви идеи.
За останатите чекори коишто ќе ги превземеме, ќе бидете благовремено известени кога ние ќе добиеме официјално известување како тоа Министерството за култура смета дека на државата не и` се потребни концертите на Sting, Lenny Kravitz, Hooverphonic, Eros Ramazzotti, Tom Odell, Горан Бреговиќ, Ohrid Calling итн.


Со почит,
Бобан Милошески“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …