Тамара со специјален концерт на 27. јули во Антички театар во Охрид

АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА со големо задоволство најавува дека извонредната Тамара ќе го одржи својот прв целовечерен концерт после Евровизија 2019, во организација на Авалон Продукција, во Охрид.
Како локација го избравме охридскиот антички театар затоа што е единствен уникатен простор во којшто сите концерти кои сме ги правеле таму, биле навистина незаборавно искуство како за публиката, така и за изведувачите.
Тамара ќе настапи со песните кои ја одбележаа нејзината кариера, од почеток па се` до извонредните настапи со „PROUD“ пред и во финалето на овогодишната Евровизија.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда (03.07) во 09 часот наутро онлајн и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 500 денари
SILVER SEATS- 600 денари
GOLDEN SEATS- 700 денари

Тамара, Охрид и Антички театар- исклучителна вечер во најава!
Одиме понатаму,Авалон Продукција

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …