Музичкиот состав TheChicks го промовираа првиот спот

Женскиот музички состав TheChicks го промовира својот прв видео запис.

Поддршката од Витаминка за младото музичко трио, значи навлегување на поп-рок музичката сцена и воопшто поддршка на македонската музичка продукција и нејзина популаризација особено кај младите.


Спотот е направен за песната „Ах тие очи“ што ветува да биде летен хит на девојкитеод ТheChicks, Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова, Моника Ѓорѓиева. Текстот за песната е авторство на трите девојки, а музикатаи аранжманот се на Сашко Костов.Аудио продукцијатае потпишана од Дино Зуќиќ во студиотоDino’sHomeStudio, а видео продукцијата е на Иво Иванов, FotoVideoStudioPenta. Спотот што изобилува со импресивни летни пејзажи е сниман на локација на Велес и околината.


TheChicks се млад музички состав од Велес со доминантна женска енергија што внесува освежување на македонската музичка сцена.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …