Вакцините нема да пристигнат на време за да се борат против друг бран на пандемијата на коронавирусот и многу земји ќе продолжат да се борат без вакцина, предупреди синоќа Светската здравствена организација (СЗО).
Портпаролот на СЗО Мајкл Рајан изјави дека ќе поминат најмалку четири до шест месеци пред да има доволно вакцини насекаде.
Тој предупреди дека на вакцините не треба да се гледа како на „магична работа“.
„Сè уште не сме стигнале до вакцините“, рече Рајан и покрај неодамнешните најави за ветувачки вакцини за кои се вели дека се 90 или повеќе проценти ефикасни.
СЗО: Вакцините нема да пристигнат на време за борба против новиот бран
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.