instagram post

Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Неделата на Црвениот крст на РМ од 8-15 Мај под мото: #Незапирливи

Во пресрет сме на одбележувањето на 8 Мај, Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Неделата на Црвениот крст на РМ од 8-15 Мај под мото: #Незапирливи. 

Секоја година во Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина го одбележуваме 8-мај Светскиот Ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, во чест на Анри Динан, основоположникот на нашето Движење, кој е роден на 8 Мај 1828 година. На тој ден ширум светот националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина преку пригодни активности ја подигаат свеста за значењето на нашите основни принципи и вредности и организираат најразлични активности за привлекување на нови членови и волонтери во Движењето и оддавање признание и благодарност до нашите партнери за поддршката која ја обезбедуваат на Црвениот крст/Црвена полумесечина. 


Но акцентот на нашите активности во изминатава година беше ставен на справување со последиците од глобалната пандемија предизвикана од КОВИД-19.

instagram post

Во голема мера слоганот на овој наш годинешен празник се должи на напорите на нашето Движење да одговориме на последиците од корона вирусот. Се она што направија волонтерите и службата беше во функција да им се помогне на луѓето за подобро да се справат со пандемијата. 


Запомнете дека секој од нас игра важна улога во заедницата, таа да стане попријатно место за живеење и делување. Секое наше добро дело претставува чин за поттик на нашите граѓани да ни се приклучат во нашата мисија за да им помагаме на луѓето кои се нашле во незавидна положба. Сигурен сум дека, заедно, ќе продолжиме да бидеме НЕЗАПИРЛИВИ во нашите напори да изградиме похумано општество во кое достоинството и добросостојбата на граѓаните ќе биде најважно од се. 

Во прилог:  Линк од обраќањето на претседателот на Црвениот крст на РСМ проф-д-р. Ромел Велев 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Дни, години“ од Димитар Башевски

Денес, со почеток во 12:00 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе се …