СУПЕР ДЕДО ОД ИНДИЈА: Како дете преживеал шпанска треска, а сега на 106. години го победил корона вирусот

Еден 106-годишен Индиец може да ја носи титулата супер дедо. Тој го преживеал шпанскиот грип во 1918. година како дете, а сега ја победил короната.
Овој супер дедо бил излекуван и пуштен од болницата, каде неговиот син (70), сопругата и другите членови на семејството, кои исто така страдале од оваа болест, останале на лекување од ковид-19, пишуваат индиските медиуми.
„Тој досега е единствениот пациент кој ги преживеал и’ шпанската треска и новиот вирус на корона. Не само што тој закрепна, туку се опоравил побрзо од помладите членови на неговото семејство“, рекол еден од лекарите на Клиниката Раџив Ганди. Лекарите биле изненадени од неговото закрепнување, бидејќи неговиот имунитет бил ослабен поради неговата возраст.
Како што рекле, нема официјална потврда дека овој старец бил болен од шпанска треска, затоа што нема документација од тоа време. Меѓутоа, бидејќи тој во тоа време имал четири години, голема е веројатноста дека тој бил заразен со вирусот на шпанска треска, што влијаело на децата и младите.
Шпанскиот грип, кој однел меѓу 17. и 40. милиони животи во три бранови во текот на 1918. година, според проценките, многу ја погодил Индија. Се проценува дека дури една петина од жртвите во светот биле во таа земја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …