Студентска уметничка пролет на Факултетот за Драмски Уметности


Вечерва со почеток во 20:00 часот, во просториите на Факултетот За Драмски Уметности во Скопје, подгответе се да го слушнете Звукот на новата генерација!

Еклектични настапи, стилски и жанровски разновидни изведби на студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје, проследена со ДЏ сет на талентираниот Јован Вуковиќ!


Вечерта ќе имаме можност да ги проследиме и младите драмски актери. Нивната претстава треба да ја пренесе младешката страст, емоциите и сиров талент преку изведбата на „Требаше да имаме текст“.

Дојдете и поддржете ја иднината на младите изведувачи, инспирирајте се од нивната посветеност и бидете дел од патувањето на овие надежни млади уметници.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега!

Водечкиот европски синџир дрогерии го организира првиот најголем настан за убавина во нашата земја: dm …