Разговорот со хрватскиот писател Маринко Кошчец

Издавачката куќа Готен ве поканува на претставувањето и разговорот со хрватскиот писател Маринко Кошчец.

Настанот, кој се реализира во соработка со издавачката куќа Антолог, ќе се одржи во рамки на саемот на книга во Скопје, во петок, 19 април, со почеток во 18:30, на штандот на Антолог. Модератор на настанот ќе биде Владимир Јанковски.


Маринко Кошчец (Загреб, 1967), дипломирал англиски и француски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Магистрирал во областа на семиологијата на универзитетот Париз VII и наука за книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Во 2005 година докторирал со делото „Поетиката на Мишел Уелбек. Наратолошка, стилистичка и контекстуална анализа на опусот“. Работи како вонреден професор на Катедрата за романистика на Филозофскиот факултет во Загреб.

Освен научни дела пишува проза, есеи и критички текстови, а преведува и од француски и англиски јазик. Одржувал работилници за креативно пишување и работилници за книжевни преведувачи.


Ги објавил романите: „Остров под морето“ (1999), „Некој друг“ (2001, награда Меша Селимовиќ за 2002), „Wonderland“ (2003, награда ВБЗ 2003), „Тоа малку песок на дланката“ (20005), На сантиметар од среќата“ (2008), „Четвртиот човек“ (2011), „Во потрага за почетокот на кругот“ (2016) и „Сами“ (2021).

Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Маринко Кошчец во Скопје, поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …