Срѓан Драгојевиќ прочуениот српски режисер на филмови „Рани“, „Ние не сме ангели“, „Убавите села убаво горат“ и „Парада“ доаѓа во Скопје

Вечерва во 19:30 часот, во Бистро Комедија, ќе се одржи промоцијата на книга „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво, или сè што не сте знаеле за поезијата, а сте биле претерано мрзливи да читате“ од Срѓан Драгојевиќ. Румена Бужаровска, низ разговор со авторот, ќе ни ги доближи неговите необични, свежи и револуционерни стихови.

Прочуениот српски режисер кој добро го познаваме по неговите филмови „Рани“, „Ние не сме ангели“, „Убавите села убаво горат“ и „Парада“, доаѓа во Скопје по повод првото македонско издание на неговата поезија.


Не пропуштајте ја оваа ретка можност да поразговарате со еден необичен човек каков што е Срѓан Драгојевиќ. Неговата книга е едно од изненадувањата на овогодишниот Саем на книгата, каде што и на штандот на ТРИ ќе имаме можност да се сретнеме со него.

Ве очекуваме сите истомисленици и противници на еден необичен и бескомпромисен настан како што и звучи од насловот на книгата! Со Срѓан Драгојевиќ никогаш не може да бидете сигурни во своите очекувања, зашто секогаш има нешто ново што не сте можеле ни да го претпоставите, се вели во објавата на организаторот на овој настан.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …