ОБЈАВЕНА СТИХОЗБИРКАТА „СВИЛЕНИ ВРЕМИЊА“ ОД МАРИНА МИЈАКОВСКА

Во издание на Матица македонска излезе од печат најновата стихозбирка „Свилени времиња“ од Марина Мијаковска. Книгата содржи осумдесет и четири песни распределени во три компактни циклуси: Проветрено време, Свилени времиња и Времено сидро.

За „Свилени времиња“ на Мијаковска д-р Лилјана Пандева во Поговорот на книгата констатира дека:


„Првата помисла за свилени времиња би била за меки, нежни, сјајни, шарени времиња. Затоа што тоа е првата асоцијација за свилата. Но, ако Мијаковска така ги пееше времињата, не ќе ја имавме оваа стихозбирка ваква каква што е: полна со симболика, неверојатно метафорична, на моменти метафизичка, но и реална. Секако, потребна е вештина за да се открие токму секојдневието скриено под еден таков наслов. И повторно му се навраќаме на насловот, односно на свилата како материјал со сјаен изглед што потекнува од триаголна структура (поетски: три димензии), што ѝ дозволува на свилената ткаенина да ја прекршува светлината од различни агли, а тоа го може затоа што во основата свилата има голема тврдост, посилна е и од челик, растеглива е, тешко запалива и кај Мијаковска е превезот на сите времиња, какви и да се, или прекриени под нејзиниот превез или заштитени од настаните во просторот (дистопијата, граничните состојби, зазорот, нарушувањето на поредокот, недостатокот на рамнотежа.)“

Книгата може да се купи во книжарниците на Клуб Матица. Марина Мијаковска до сега ги има објавено стихозбирките: „Номадска душа“ (2010); „Куфери“ (2013); „Психоаналитичка алхемија од страсти“ (2013); „Тиркиз во лето“ (2015); „Постела на тишината“ (2015) и „Коскена“ (2019).


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …