Страшни бројки за жените жртви на корона вирусот

Пред 8 март, италијанскиот државен институт за пензиско и социјално осигурување објави статистика што покажува дека жените се многу повеќе погодени од пандемијата на „Ковид 19“ отколку мажите.
Од вкупно пријавените 147.000 случаи на заболување што ги примил Институтот до 31. декември минатата година, 70. проценти биле жени кои се заразиле на работното место.
Овие податоци се токму спротивни на фактот дека при несреќи при работа, со години, огромното мнозинство се мажите.
Професионално, најинфицирани на работното место бил медицинскиот и санитарниот персонал, а меѓу нив на прво место, со 87. проценти, се медицински сестри.
По нив следат жени физиотерапевти, помошен персонал во здравствени институции, а шест проценти од пријавените случаи на болест поради инфекција биле жени лекари.
Медицинските сестри, како професија, беа исто така најбројни жртви, тие се 70% од вкупните смртни случаи од коронавирус. Просечната возраст на жртвите е 46. години.
Институтот за социјално осигурување исто така дал објаснување за тоа како да се третираат медицинските лица кои одбиваат да се вакцинираат, а потоа да добијат ковид 19.
Во такви случаи, на осигуреното лице му се дава право на боледување, но не и можност за наплата на надомест за штета поради тоа што се заразило на работа.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …