Стенд ап шоу на актерот Бојан Кирковски во Младинскиот културен центар

Вечерва во 20 часот, во Младинскиот Културен Центар, за прв пат на сцената во Кино Фросина, младиот актер Бојан Кирковски ќе настапи со своето стенд-ап шоу со наслов Let’s Get Loud! За шоуто Skopje Comedy велат: Актерот Бојан Кирковски реши да зборува за нихилизмот, алтуризмот и стоицизмот. Но, не разбираше ништо од тоа, па затоа реши да зборува за себе. Повелете, да му се смееме.

Шоуто на Бојан Кирковски ќе го отвара актерот Мирослав Петковиќ ака Чика Брко. Лик кој ја кажува својата вистина а дали ќе се насмееш или не, од тебе зависи. Обожава да дискредитира неспособни луѓе на позиции всушност обожава да им прави се, се ама баш се!


This image has an empty alt attribute; its file name is bojan-kirkovski-1.png

Билетите се по цена од 300 денари и можат да се набават на bileti.mkc.mk или на билетарницата на МКЦ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„LIVELYYY” – Дигиталната изложба по повод 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје

Денес во Ист Гејт Мол, со почеток во 12:00 часот, а по повод 50-годишнината од …