„Срце куќа најширока (мотиви од нашите села)” изложба на цртежи и од Панде Петровски

Културно-информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на отворањето на изложбата на цртежи од Панде Петровски насловена „Срце куќа најширока (мотиви од нашите села)”

Панде Петровски е роден на 25.9.1939 година во Брусник, Битола. 1963 година завршува Педагошка академија. Член е на ДЛУБ (Друштво на ликовните уметници на Битола ), ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија) и МНД (Македонско научно друштво). Соработувал со повеќе весници и списанија, а застапен е и во Антологиите на македонскиот и балканскиот афоризам.


Од основањето во 2005 година учествувал и ја раководи како координатор ликовната колонија “Де Ниро” – Битола, а учествувал и на уште дваесетина други меѓународни ликовни колонии во Македонија (Велес, Нижополе, Кавадарци, Дојран, Гевгелија, Струга, Дрен, Белчишта), а исто така и во Србија, Црна Гора, Албанија, Грција и Романија.

Со создадените неколку илјади ликовни дела, започнувајќи од 1959 година кога ја отвора првата самостојна изложба во Клубот на резервните офицери (Широк сокак – 137), досега има отворено над 30 индивидуални изложби во Македонија (Битола, Кавадарци, Охрид, Скопје), а исто така и во Србија, Шведска и Австралија. Со свои дела учествувал и на над стотина колективни изложби во Македонија, Бугарија и Турција.


Ќе бидат изложени преку 60 цртежи со мотиви од нашите села.

Изложбата ќе биде отворена до 25.07.2023 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …