Среќен роденден Владо Јаневски !!!

Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 во Скопје. Тој е еден од најпознатите македонски поп-пејачи и композитори. Има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ итн.

Има завршено Филолошки факултет, отсек англиски јазик и литература. Членувал во музичките групи Тост сендвич (1979), Бон Тон (1986), Фотомодел (1989), Ластовица (1992). Свири на клавир, гитара и тапани. Има учествувано на многу домашни и странски фестивали и е првиот официјален претставник на Република Македонија на Изборот за песна на Евровизија со темата „Не зори зоро“ во Бирмингем во 1998 година.


Има учествувано и на Југовизија (Белград, 1992) и имал ревијални настапи на Славјански базар (Белорусија, 1994, 1995, 1996), Кавен (Ирска, 1994), Памуккале (Турција, 1994, 1995, 1996), Каиро (Египет, 1998, 1999) и на многу други реномирани фестивали. Зборува англиски, германски, италијански и руски јазик.

Од почетокот на својата соло кариера, Владо ги пишува најголемиот дел од музиката и сите текстови за неговите песни. Иако често го нарекуваа „најромантичниот текстописец во историјата на македонската забавна музика“, тој се опишува себеси како „обичен автор на љубовни песни“. Тајната на неговиот долготраен успех кај широката публика веројатно лежи во мистичната убавина на неговите балади во комбинација со сензуалноста на неговиот кадифен баритонски глас.


Редакцијата на Екран му посакува среќен роденден на нашиот Владо, и му посакува многу здравје и уште многу песни, албуми и настапи.

Подолу слушнете ја макфестовската „Златни години“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …