Средба со историјата: една слика-една приказна, изложба на Мирчо Матевски Рисимкин

Во објектот Мала станица, во вторник на 5 септември 2023 во 20.00 часот,  ќе биде отворена изложбата Средба со историјата: една слика – една приказна на Мирчо Матевски Рисимкин.

Уште при првиот поглед на делата на Матевски Рисимкин се забележува неговата вљубеност во историјата. Уште од мал тој многу читал, растел со бајките и приказните. Сите негови дела се инспирирани од некој вистинит историски настан, јунак, личност, кои оставиле длабока трага во историјата. Трајко Матевски-Рисимкин, неговиот татко, бил главен инструктор за тепихарство во Македонија и работел во „Македонски фолклор“, така што своето детство Матевски Рисимкин го поминал покрај неговите шеми, нацрти и планови што ги подготвувал за изработка на теписи. Тајните на уметноста како да му биле предодредени во животот.


По завршувањето на Средното уметничко училиште, се запишува и дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професорот Димитар Кондовски. Матевски Рисимкин во текот на својот живот во два наврата ја напушта својата земја и се сели во Австралија со своето семејство, а во 2021 година повторно се враќа.Тој останува доследен на своето сликарство, а сепак, во исто време и го збогатува со елементи што ќе ги прифати од другите култури со кои поминал еден дел од својот живот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …