Актерот Тасевски: Замисли, не дај боже, болен си од рак. Одиш да се лечиш државно зашто си плаќал цел живот здравствено..

Замисли, не дај боже, болен си од рак. Одиш да се лечиш државно зашто си плаќал цел живот здравствено.
И ти викаат а бе има еден лек може да те спаси, ама една ампула од него чини 2000 до 4000 евра. И ти желен да живееш продаваш стан имот да можеш да се лечиш, да купиш од тие ампулите. Плаќаш за нив
И пази сега…
Лекарска здружена банда наместо од тие ампули ти дава физиолошки раствор, а ампулите ги препродаваат на Косово, купени со наши пари.
А ти мислиш те лечат, додека полека се гасиш клетка по клетка.
Ова нешто во секој закон се нарекува УБИСТВО СО ПРЕДУМИСЛА.
Планирано масовно убиство за стекнување лична корист.
Ова се правело од 2018 година заедно со триста други дубари на онкологија. Деца и млади умирале во надеж дека ампулите ќе ги спасат а ги лечеле со мочка
Е до тука стигнавме.
За вакви организирани кривични дела против здравјето на луѓето во некои афрички и азиски држави се добива смртна казна.
Кај нас ќе се судат 10 години па ќе се бараат олеснителни околности, па грешка во процесот за да се поништи…. и така. Оти не сме ни во Африка. Нас треба да не префрлат на посебен нов континент што ќе го наречат ПСИХОПАТОЛОГИЈА. Скратено ПСИХО
Браво за новинарката Ирена Мулачка која го разоткри овој монструозен криминал. Ужас невиден. Не живееме во држава, туку во хорор филм.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …