Сосема случајно испадна да пеам на „Макфест“: Џокер дебитираше на Макфест! (ВИДЕО)

Викендот што помина се одржа 38-то издание на музичкиот фестивал „Макфест“ во Штип. Дебитант на овој фестивал беше популарниот Џокер, кого јавноста го знае и како сопруг на музичката ѕвезда Антониа Гиговска.

Џокер настапи за првпат на овој фестивал, односно на првата фестивалска вечер, и не успеа да обезбеди пласман за во втората – ревијалната вечер на ова 38-мо издание на „Макфест“.


„Искрен да бидам, ниту на крај памет не бев дека ќе пеам на „Макфест“. Сосема случајно се случи тоа. Имено, песната уште пред дваесетина дена ја пуштив на еден мој пријател да ја слушне и на негово инсистирање реши да ме „спои“ со уметничкиот директор на фестивалот Роберт Саздов. Се сретнавме, Саздов ја слушна песната и веднаш ми понуди да настап на „Макфест“. Размислував неколку дена и решив да ја прифатам понудата. Јас одлично поминав на фестивалот, за мене едно ново искуство. Најважно од се ми е што добивам секојдневно позитивни коментари за песната“ – изјави Џокер“.

Инаку младиот артист за оваа песна сними и видеоспот, во кој покрај него се појавуваат уште десетина други статисти од сите возрасти…


Погледнете:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

SoundEdge објавија две нови песни

Музиката што долго време лебдеше во воздухот на SoundEdge студиото, што излегуваше и влегуваше од …