Британка која е бремена 18. недели на Mumsnet се пожалила дека нејзиниот сопруг не сака секс бидејќи мисли дека нивното неродено дете може да сфати што прават…
Таа на сите начини се обидела да го убеди дека е невозможно нероденото бебе да сфати што се случува, но не успеала.
„Му покажав истражувања за тоа, но немаме секс откако дознав дека сум бремена бидејќи тој мисли дека е погрешно. Не сака ниту да ме погледне, се чувствувам грдо и непривлечно. Не велам дека мора да има секс со мене, никој не би требало да го прави тоа што не го сака, но дали сум неразумна ако сега чувствувам дека прегорело. Девет месеци без секс, и потоа уште неколку месеци. Почнав да размислувам за играчките за секс бидејќи ако тој не сака да ми даде, сама ќе се задоволам“, напишала нездоволната идна мајка.
Дел од корисниците на форумот се согласил со неа признавајќи дека и самите би биле фрустрирани, но ги има и оние кои и порачале дека е неразумна.
„Ако тој не сака да има секс, треба да го почитуваш тоа. Мене ми беше бизарно да имам секс за време на бременоста и воопшто немавме секс,а сопругот не ми забележа“, напишала една жена додека други и советувале сериозно да разговара со сопругот.
„Јас во бременоста бев многу ’запалена’ и никогаш не ми беше доволно, на воодушевувње на мојот мил партнер. Внимававме и бевме нежни, но тој обожуваше како се менува моето тело. Јас би се вознемирил да ја загубам блискоста на толку многу време“, порачала друга која се согласува со идната мајка од почетокот на приказната.
Илустрации: Instagram