Снегот и’ денес ќе продолжи да „се трупа“!

Врнежите ќе продолжат во текот на целиот ден, но она што ќе се промени е висината на снежната граница. Истата во западниот и северниот регион ќе се издигне на околу 1200 метри, а во југоисточниот и централно-источниот крај до околу 1600 метри. Со тоа, на пониските места врнежите од снег околу пладне ќе преминат во врнежи од дожд и дожд мешан со снег. Приквечер се очекува повторно врнежи само од снег.
Наутро минималната температура ќе има вредност некаде помеѓу -3 и 1, а во повисоките населени места во западниот регион околу -5 степени.
Максималната вредност на температурата сосема малку ќе се разликува од минималната. Дневниот температуран од, од минимум до максимум ќе биде само околу 2 до 3 целзиусови степени. Низ котлините од северниот и западниот регион максималаната температура ќе има вредност помеѓу 0 и 2, а во гевгелиско – дојранскиот крај околу 3.
Скопската котлина очекува облачно време со врнежи од снег кои околу пладне би требало да преминат во врнежи од дожд мешан со снаг. Навечер се очекува врнежите повторно да преминат во снежни.
Температурата ќе има минимална вредност околу 0, а максимална вредност околу 2.
Овие снежни врнежи со сигурност ќе направат проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот, особено на планинските превои.
Низ градовите секако ќе го имаме препознатливиот хаос во сообраќајот на вакви метео услови. Во урбаните средини во глобала се очекува снежна покривка од околу 10 до 20 сантиметри, најавуваат од meteopro.mk .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …