Скопскиот пивски фестивал „Пиволенд“ оваа година ќе се одржи од 21 до 23 септември

Дванаесетото издание на скопскиот пивски фестивал Пиволенд ќе се оддржи на 21-ви, 22-ри и 23-ти Септември на паркингот пред спортската сала Борис Трајковски.

Најголемиот гурмански викенд со Пиво во Скопје како и предходните изданија ќе понуди широка лепеза на домашни и странски брендови на индустриски пива, како и многу различни домашни крафт (занаетчиски) пивски брендови кои посетителите ќе можат да ги дегустираат заедно со вкусна храна и богата музичка програма.


На трите фестивалски дена музичката програма ќе започнува во 18:00 часот и ќе трае до раните утрински часови.
Наскоро ќе бидат објавени учесниците и музичарите кои оваа година ќе го обезбедат уживањето на скопјани и сите посетители.
Од организаторите на фестивалот доаѓа и апел до посетителите да конзумираат одговорно, да избегнуваат користење на моторни возила како и да го почитуваат долгогодишното мото : Дојди, Види, Испиј!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ЧЕТВРТИОТ СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни …