skopjeEmotion – Изложба на фотографии од Анита Палческа

Во холот на Градска Библиотека “Браќа Миладиновци” во Скопје, од 1-30 ноември 2023 година, ќе биде поставена изложбата на фотографии skopjeEmotion од Анита Палческа.

Скопје е дете во душата… движење во ритам… фокусиран, а исполнет поглед… живот под еден чадор… соѕвездие од светови… самување без осаменост… мост меѓу сите наши јас… чашка чаршиски муабет… ишарет од скриено ќоше…и паралелна димензија во длабочината на еден излог…Скопје едноставно Е!


Анита Палческа е родена во Скопје, се школува, работи и живее во својот роден град. Сериозно се занимава со фотографија од 2008 година. Фокусирана е на изразување преку документарната фотографија, но работи и во другите жанрови. Уличната фотографија ја разбира како составен дел од своето секојдневие, забележувајќи ги настаните, луѓето и случувањата околу себе. Учесник е на повеќе меѓународни и домашни групни изложби, каде е добитник на повеќе признанија и награди. skopjEmotion e нејзина прва самостојна изложба, составена од 10 серии од фотографии направени во периодот 2011-2023 година, групирани со невидливи нишки од поврзани сеќавања, емоции и состојби низ кои поминуваме заедно со нашиот град.

Изложбата е во рамките на одбележувањето на 78. годишнина на Библиотеката и празникот 13 Ноември.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„LIVELYYY” – Дигиталната изложба по повод 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје

Денес во Ист Гејт Мол, со почеток во 12:00 часот, а по повод 50-годишнината од …