ШТО СЕ СЛУЧИ СО БЕБЕТО КОЕ ГО СПАСИЈА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СИРИЈА: Малата Афра наполни шест месеци, еве каде е сега (ВИДЕО)

Видеото од спасувањето на новороденче, девојче од урнатините на зграда во градот Џиндарис на северот на Сирија во февруари го обиколи светот, а детето оттогаш значително закрепна и сега малата Афра е среќна, здраво шестмесечно девојче.

Во серијата катастрофални земјотреси кои опустошија делови од Турција и Сирија на почетокот на февруари, се сруши зградата во која живееше мајката на малата Афра, а се породи непосредно пред уривањето на зградата.


Кога бебето Афра било пронајдено во урнатините на зградата во Џиндарис, нејзината папочна врвка сè уште била закачена за нејзината мајка.

Афра ја примиле и ја одгледале нејзината тетка и вујко, заедно со уште седум деца, во Џиндарис, недалеку од турската граница.


– Сè уште е мала, но ме потсетува на нејзиниот татко и нејзината мајка, сестра ми Навара. Ја има насмевката на Навара. Честопати поминуваа време со нас, но сега ги нема, ги загубија животите во земјотресот – вели вујкото на Афри, Калил ал-Савади, нишајќи насмеано девојче во лулашка.

Разорен земјотрес ги погоди југоисточна Турција и северна Сирија на 6 февруари и однесе десетици илјади животи.


Драматичната снимка од спасувањето на бебето во Џиндарис беше споделена на социјалните мрежи и набрзо стана вирална, а спасеното девојче беше однесено во болница каде и го доадоа името Аја, што на арапски значи чудо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …