Шпанска тортиља со тиквички – брз и едноставен летен оброк

Уште еден во низата вкусни рецепти со тиквички додека се во сезона.
Состојки:
250 грама компири
250 тиквички
1 главичка кромид
6 јајца
3 лажици маслиново масло
сол, црн пипер
Подготовка:
Подгответе го зеленчукот
Излупете ги компирите и исечете ги на коцки. Измијте ги, излупете ги и исечкајте ги тиквичките. Ставете ги во сад, посолете ги и оставете ги да отстојат. Исчистете го и исечкајте го кромидот.
Пропржете ги компирите
Во голема тава загрејте го маслиновото масло и додадете ги исечканите компири. Пржете полупокриено 30. минути со повремено мешање.
Кога компирот ќе омекне, додадете ги исцедените тиквички и кромидот исечкан на ленти, динстајте ги додека не станат проѕирни.
Изматете ги јајцата
Во поголем сад изматете ги јајцата, насолете и додајте црн пипер.
Испечете ја тортиљата
Во тавата истурете ги подготвените јајца. Пржете на тивок оган околу 15 минути, повремено израмнувајќи ја смесата со шпатула.
Потоа префрлете ја тортиљата во чинија, повторно свртете ја на тавата и печете уште 10 минути од другата страна. Послужете топло.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …