ШИЛЕГОВ И ВУКОВИЌ ГО ПОСЕТИЈА НОВИОТ МОСТ НА „БУЛЕВАРОТ АСНОМ“  

Денес градоначалникот Шилегов заедно со градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ, кој престојува во дводневна посета на Скопје, го посетија новиот мост на „Булеварот АСНОМ“ кој е во завршна фаза на изградба.

Новиот премин преку Вардар ги поврзува улицата Васко Карангелевски во Аеродром со улицата Индустриска во населбата Ќерамидница, во Гази Баба. Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Самиот мост е долг 150 метри, со 6 коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете страни. Општините Аеродром, Гази Баба и Центар наскоро ќе бидат поврзани со овој нов мост кој е модерно булеварско решение што ќе го релаксира сообраќајот во овој дел од Скопје.


Булеварот АСНОМ се гради и пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром. Со довршувањето на „Булевар АСНОМ“, граѓаните на Аеродром и Ново Лисиче ќе имаат уште едно поврзување со центарот на градот. И на Булеварот АСНОМ, како и на новиот мост, се предвидени велосипедски патеки, а по него ќе се движат и нови автобуски линии.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Нов “дијамант” на македонската кошарка

На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига …