Кејт Мидлтон одигра тениски меч во пар со младата Ема Радукану, победничка на УС Опен.
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, не можеше да го сокрие својот ентузијазам кога играше тенис со победничката на УС Опен, Ема Радукану во Лондон.
Кејт се приклучи на прославата за враќањето дома, и бидејќи сака да игра и да следи тенис, морала лично да и честита на осумнаесетгодишната Ема.
Таа се појави на теренот во спортска тениска комбинација. Војвотката носеше мини здолниште и раскопчана тренерка. Не добиваме често шанса да видиме такво опуштено издание на британската принцеза.
Кејт не ја симнала насмевка од лицето во текот на целиот натпревар, а играле и со тенисери и тенисерки во инвалидски колички.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram