ШЕСТА СЕЗОНА – Елизабет Дебицки уште еднаш блесна на снимањето на „The Crown“, неодоливо потсетува на Дијана

Актерката Елизабет Дебицки повторно бриљирала на снимањето на шестата сезона на серијата „The Crown“, која раскажува за животот на покојната принцеза Дијана.
Многумина се согласиле дека Дебицки неодоливо потсетува на неа. Во Шпанија снимила сцени од семејниот одмор на кој Дијана бил само еден месец пред да почине.
На снимањето присуствувале и Вил Пауел, кој го игра младиот принц Хари, Руфус Камп, кој ја толкува улогата на принцот Вилијам и Салим Дау, кој го игра Мохамед Ал-Фајед, таткото на партнерот на Дијана, Доди.

This image has an empty alt attribute; its file name is elizabet-debicki-1-jpg.jpg


Шестата сезона е и последна и ќе ја прикаже смртта на Дијана. Процесот на снимање бил накратко прекинат по смртта на кралицата Елизабета Втора.
Нетфликс неодамна објави дека планира да ја прикаже аферата на принцот Филип и Пени Кначбул, која предизвика бура од реакции. Серијата би требало да се врати на малите екрани на 9. ноември, а содржината на новата сезона го загрижила кралското семејство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …