Викендов во Мајами се одржа погребот на Ј.Р. Рајдингер, бизнисмен и член на високото општество, кој ненадејно почина од белодробна емболија на јахта во Хрватска на почетокот на септември.
Необичниот погреб бил замислен како „прослава на животот“ на славниот милијардер, а на погребот се појавиле бројни познати имиња од светот на шоубизот.
Џенифер Лопез, Бен Афлек, Ким Кардашијан, Алиша Кис, Џејми Фокс се само дел од познатите фаци кои пееле, танцувале и наздравувалее на погребот во чест на починатиот претприемач.
Лопез на својот Инстаграм објави серија фотографии на кои позира насмеана со Лорен Рајдингер, вдовицата на покојниот милијардер.
View this post on Instagram
„Сила, убавина и грациозност… Мојата убава пријателка ја загуби љубовта на својот живот од повеќе од 30 години. Синоќа го прославивме животот на Џеј па дури и повторно танцувавме… Тој би го сакал тоа!! RIP JR…ние ја чуваме твојата девојка“, напишала пејачката на објавата.
Фото: Принтскрин/Instagram