Шест онлајн настани во КЦ 750

Културен центар 750 реализираш ешест онлајн активности предвидени за 2020 година.

 


Поради пандемијата на вирусот Kовид-19, оваа сезона арт-фиќото не организираше настани на јавен простор, туку ширеше уметност на алтернативен начин, со онлајн претставување на изложбите, инсталациите и литературните читања.

Своите дела во КЦ 750 ги изложија Тамара Забазноска, Филип Велковски, Будимка Поповска, Васко Марковски, уметничка инсталација подготви Ѓорѓе Јовановиќ, а беше претставена и поезијата на Ива Дамјановски.


За да не остане сè само во виртуелниот простор, беа подготвени принтови со материјали од изложбите и читањата и дистрибуирани во поштенски сандачиња по случаен избор во повеќе скопски населби.

Во продолжение можете да ги погледнете видеата од настаните:


  1. ПоетскочитањенаИваДамјановски

 

  1. „Комшикамераџик“ -изложбанаскопскифотографииодВаскоМарковски

 

  1. „The Lumens“ -изложбаналуменпринтовиодФилипВелковски

 

  1. „New No Black Halva World Order“ -инсталацијанаЃорѓеЈовановиќ

 

  1. „ФАНТОМИМА.ZIP“ -изложбанаБудимкаПоповска

 

  1. „Skopje Secret Stories“ -изложбанаТамараЗабазноска

 

 

* * *

 

КЦ 750 е мал, мобилен културен центар, заеднички проект на Иван Шопов и Владимир Лукаш. Целта на проектот е развивање и поттикнување нови модели на искористување на јавниот простор, за културни намени. Проектот е поддржан од Министерството за култура на РС Македонија и Град Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …