ШеPAWогија vol. 2 – целодневен хуманитарен настан за Шепастите под слоганот „Биди модерен, биди хуман“

Шепасти Ентузијасти организира целодневен хуманитарен настан за бездомните Шепасти животинки под слоганот „Биди модерен, биди хуман“.
Под слоганот “Биди модерен, биди хуман!” Шепасти Ентузијасти Скопје, здружение за заштита на животни и животна средина, го организираат вториот по ред ШеPAWогија vol. 2, каде ги покануваат сите љубители на животни да бидат дел од еден позитивен настан на кој ќе се собираат донации наменети за покривање на трошоците за Шепастите штитеници.
Од 12:00 – 13:00 часот МК Вепар, и други пријавени мотоциклисти, ќе учествуваат на кратко мото дефиле низ градот Скопје, со знамиња под истоимениот слоган, со цел да се покрене свеста за хуман третман кон животните и заштита на животната средина. Имено МК Вепар е хуман мотоциклистички клуб, и членовите на истиот се грижат за повеќе мачиња кои сами ги спасуваат, стерилизираат и вакцинираат, и својата поддршка за настанот како големи љубители на животните ја покажаа преку обезбедување простор за истиот и учество во дефилето.
Настанот ќе продолжи со музичка програма и базар во 13:00 часот во дворот на просториите на Мото Клуб Вепар, каде J&J Acoustic & DJ Tina ќе ги забавуваат посетителите до попладневните часови, односно до 18 часот.
Сите кои сакаат да учествуваат во мото дефилето, може да се пријават на следниов емаил: motoclubvepar@gmail.com, и бидете во просториите на клубот во 11.30 часот на 30ти Октомври (Недела).
Сите останати, Шепастите ве очекуваат на настанот, да покажеме дека навистина е модерно да се биде хуман!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …