Славиша Кајевски е роден во Скопје на 1 февруари 1982 година. Тој беше истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности-Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 година. Од 2010 година, па се до својата смрт, работи во Македонскиот народен театар – Скопје.
Ги остварил следниве тетарски улоги:
– Клег (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар;
– Ленокс (Макбет, 2019), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Македонски народен театар;
– Семјон Семјонович Медведенко (Галеб, 2018), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Нина Николиќ, продукција: Македонски народен театар;
– Миле Прлиќ (Ничија земја, 2017), автор: Данис Тановиќ, Александар Морфов, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
– Императорот (Авантурите на Аладин, 2017), адаптација, драматизација и режија: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар;
– Еснафот (Силјан штркот шанца, 2016), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
– Таткото (Соларис, 2016), автор: Станислав Лем, режисер: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
– Сергеј Александрович (Животот е прекрасен, 2015), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
– Првиот патник (Тероризам, 2015), автори: Владимир и Олег Пресњаков, режисер: Јордан Симонов, продукција: Македонски народен театар;
– Агамемнон, Еврипид (Електра, 2014), автори: Есхил, Софокле, Еврипид и Жан – Пол Сартр, режисер: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
– Таткото Тил (Сината птица, 2014), автор: Морис Метерлинк, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
– Озрик, Цар Едип (Аферата Елсинор, 2014), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
– Далај Баба (Евангелие на глупоста/Далај Мама, 2014), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Драмскиот театар – Скопје;
– Готфрид Најцзекер (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
– Грен (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
– (Декамерон, 2012), автор: Џовани Бокачо, режисер: Боњо Лунгов, продукција: Македoнски народен театар;
– (Животот е сон, 2012), автор: Педро де ла Барка Калдерон, режисер: Владо Цветановски, продукција: Македoнски народен театар;
– Јован и Анѓеле (Парите се отепувачка, 2011), автор: Ристо Крле, режисер: Бојан Трифуновски, продукција: Македoнски народен театар;
– Корубин (Свадбата на Фигаро, 2011), автор: Пјер Бомаше, режисер: Леван Цуладзе, продукција: Македoнски народен театар;
– Тибалт (Ромео и Џулиета, 2011), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Лили Абаџиева, продукција: Македoнски народен театар;
– Феѓка (Бесови, 2011), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македoнски народен театар;
– Ангел (Немој ти мене Фауст, 2010), автор и режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македoнски народен театар;
– Александар (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
– Темелко (Суд, 2010), автор: Коле Чашуле, режисер: Љупчо Ѓоргиевски, продукција: Македонски народен театар;
– Нипер (Класен непријател, 2010), автор: Најџел Вилијамс, режисер: Васил Христов;
– Џуџето Спанко, Ивица и Мачето (Брод за кукли, 2010), автор: Милена Марковиќ, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Wonderland Theatre, Скопје;
– (Буре Барут, 2010), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
– (Сомнително лице, 2009), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
– (Темпирена опера, 2009), автори: Бертолт Брехт и Ентони Барџис, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
– Николче (Лет во три глави, 2009), автор: Загорка Поп – Антоска Андовска, режисер: Никола Ристов, продукција: Македoнски народен театар;
– Рака (Госпоѓа Министерка, 2009), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македoнски народен театар;
– Џими (Вејка на ветрот, 2008), автор: Коле Чашуле, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Македoнски народен театар;
– Гласник (Мара/САД, 2008), автор: Петер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македoнски народен театар;
– Маро Мароев (Дундо Марое, 2008), автор: Марин Држиќ, режисер: Драгана Милошевска – Попова, продукција: Македoнски народен театар;
– Морис (Дракула, 2008), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македoнски народен театар;
– Дени (Чикашки перверзии, 2007), автор: Дејвид Мамет, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Драмски театар, Скопје;
– Мистер Оранж – Фреди (Касапски кучиња, 2007), автор: Квентин Тарантино, продукција: Драмски театар – Скопје;
– (Ревизор, 2006), автор: Николај Васиљевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
– Ејлерт Левборг (Хеда Габлер, 2006), автор: Хенрик Ибсен;
– Калигула (Калигула, 2005), автор: Албер Ками, режисер: Николче Ристевски – дипломска претстава ФДУ;
– Водопјанов (Контаминација Кољада, 2005) режисер: Владимир Милчин – дипломска претстава ФДУ;
– (One for the road, 2004), автор: Харолд Пинтер, режисер: Нела Витошевиќ;
– (Палата на соништата, 2004), автор: Исмаил Кадаре, режисер: Владимир Милчин, продукција: Theatre La Fleche;
– (Карван Сарај, 2003), автор: Сема Али, режисери: Мартин Кочовски и Иван Јерчиќ, продукција: Народен театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп.
Филмски улоги:
– Фантом (Хомо, 2020), режисер: Игор Иванов – Изи;
– Ендри Гомез (Baaghi 3, 2020), режисер: Ахмед Кан;
– Сурла (Еј, 2018), автор и режисер: Васил Христов;
– Пики (Црвената соба, краткометражен филм, 2016), режисер: Косара Митиќ;
– Павел Киров (Последните Македонци, 2015), режисер: Илија Пиперковски;
– (Намини бар еднаш, кратокометражен филм, 2013), режисер: Косара Матиќ;
– Гласот (Скопје Ремиксд, 2012);
– Малиот (Ова не е американски филм, 2011), режисер: Сашо Павловски;
– Јане (Некои поинакви приказни, 2010), режисер: Марија Џиџева;
– Јане (Стапица, ТВ филм, 2007), режисер: Аљоша Симјановски;
– Павел (Превртено, 2007), режисер: Игор Иванов;
– Третиот комита (Пусто турско, ТВ филм, 2006, ), режисер: Коле Ангеловски;
– Првиот војник (Караула, 2006), режисер: Рајко Грлиќ;
– Момчето со маска (Бал-кан-кан, 2005), режисер: Дарко Митревски;
Добитник е на голем број на награди и признанија:
– Награда на меѓународен фестивал на филмови од централна и источна Европа „CinEast“, Луксембург, 2014;
– Награда на филмски фестивал „Јасуџиро Озу“, Болоња, Италија, 2014;
– Награда на филмски фестивал „Other Movie“, Лугано, Швајцарија, 2014;
– Награда на еурошортс – меѓународен филмски фестивал, Полска, 2013;
– Награда на фестивал „Cinema de mare“, Италија, 2013;
– Награда АМФИ 2011 г. – Актер со најмногу одиграни претстави на матичната сцена;
– Награда АМФИ 2012 г. – Актер со најмногу одиграни претстави на матичната сцена;
– Награда АМФИ 2013 г. – Актер со најмногу одиграни претстави на матичната сцена.
Починал на 2 декември 2021 година во Скопје на 39-годишна возраст.