(Рецепт) СПИЕТЕ И СЛАБЕЕТЕ! Рецепт за напиток кој ќе ви помогне да ослабете без строги диети

Ако сакате да го забрзате метаболизмот, да го подобрите квалитетот на сонот и да ги поддржите вашите природни процеси на детоксикација, пробајте го овој напиток бидејќи можеби е токму она што ви треба.
Нутриционистите открија посебна комбинација на состојки за сите оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми без строги диети. Имено, овој напиток може да помогне во забрзување на метаболизмот за време на спиењето и да го стимулира согорувањето на масните наслаги.

Зошто е важно согорувањето на маснотиите во текот на ноќта?
За време на спиењето, нашето тело поминува низ природни процеси на обновување и регенерација. Метаболизмот продолжува да работи, иако побавно отколку во текот на денот. Сепак, одредени состојки можат да помогнат во одржување на метаболизмот поактивен во текот на ноќта и на тој начин да го стимулираат согорувањето на мастите.


Состојки на „магичната“ напивка


Главни состојки:
1 стапче цимет
1/2 лажичка куркума
1 лажичка семки од анасон (Foeniculum vulgare), сладок анасон, анасон, коморач, морач
прстофат црн пипер
500 мл вода

Циметот содржи соединение кое ја поттикнува термогенезата и го забрзува метаболизмот. Куркумата има антиинфламаторни својства и помага во регулирање на телесните масти, додека анасонот го подобрува варењето и ја намалува надуеноста.


Подготовка на напитокот
Истурете ја водата во тенџере и додадете ги сите состојки.
Оставете нежно да вари 5-10 минути.
Оставете да се излади 15 минути.
Процедете и пијте топло пред спиење.

Дополнителни придобивки
Покрај тоа што го стимулира согорувањето на мастите, овој напиток го подобрува квалитетот на сонот и помага во детоксикација на телото. Има и одредени здравствени придобивки, како што е регулирање на нивото на шеќер во крвта, но и ги намалува воспалителните процеси.

Совети за најдобри резултати
Напитокот треба да се пие 30-60 минути пред спиење. Дополнително, за оптимални резултати, важно е да одржувате редовна физичка активност и да ја комбинирате со урамнотежена исхрана.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една …