(ФОТО) Кејт Мидлтон испратила емотивна порака: „Не заборавајте да…“

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, објавилаа нова фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, а како фотограф го потпишала своето најмало дете, принцот Луис (6).
Шестгодишното момче ја фотографирало својата мајка како стои на дрво и позира со раширени раце, а Кејт ја објавила по повод Светскиот ден на ракот.
Фотографијата е придружена со лична порака од принцезата, која гласи:
– Не заборавајте да го негувате сето она што се крие зад болеста, К – напишала принцезата и го ставила иницијалот на нејзиното име.
Кетрин минатиот март откри дека е на превентивна хемотерапија, која ја започнала кон крајот на февруари 2024 година, а на почетокот на септември објави дека го завршила третманот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales)


– Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство. Животот како што знаете може да се смени за миг и моравме да најдеме начин да се движиме по бурните води и непознатиот пат. Патувањето против ракот е сложено, страшно и непредвидливо за сите, особено за најблиските. Со понизност, исто така, ве доведува лице в лице со вашите сопствени слабости на начин на кој никогаш досега не сте размислувале, а со тоа и нова перспектива за сè. Ова време, пред сè, не потсети Вилијам и мене да размислуваме и да бидеме благодарни за едноставните, но важни работи во животот, кои многумина од нас често ги земаат здраво за готово, да направам се што можам за да останам без рак, рече Кејт и продолжила:
– Иако завршив со хемотерапија, мојот пат до заздравување и целосно закрепнување е долг и морам да продолжам да го живеам секој ден како што доаѓа. Сепак, со нетрпение очекувам да се вратам на работа и да преземам уште неколку јавни ангажмани во наредните месеци.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Од вторник (11 февруари) попладне снег во западните и во југозападните предели!

Ладното време ќе продолжи и во текот на новата седмица, меѓутоа, од вторник попладне, па …