Позната актерка на 48 години починала од пневмонија

Тајванската актерка и пејачка Барби Хсу, сопруга на јужнокорејскиот пејач Ку Џун-јуп, починала од пневмонија на 48-годишна возраст.
Оваа тажна вест во понеделникот за локалните медиуми ја потврдила нејзината сестра.
„За време на Лунарната Нова Година, нашето семејство отиде на одмор во Јапонија. Мојата сакана сестра, Барби, за жал не напушти откако се разболе од пневмонија, предизвикана од грип“, рекла Ди Хсу, нејзината сестра, во соопштение споделено на нејзината Фејсбук страница од страна на менаџерската агенција на актерката.
Во 2022 година, Хсу се омажила за Ко, со кого ја обновила врската по 23 години. Нивната љубовна приказна тогаш ги воодушевила обожавателите во Тајван и Кореја.


Таа претходно била во брак со кинескиот претприемач, Ванг Ксијаофеи, 11 години и имаат две деца.

Хсу дебитирала во 1994 година како членка на групата СОС, заедно со нејзината сестра. Таа стана позната низ Азија откако го толкуваше ликот Шанкаи во кинеската ТВ серија „Метеорска градина“, која се емитувала од 2001 до 2002 година.
Таа, исто така, глумела во драмски серии како што се „Приказна за кинески духови“ (2003) и „Желбата на летото“ (2007), како и филмови меѓу кои „Владеење на убијците“ (2010).


Фото: Принтскрин/YouTube/South China Morning Post

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една …