Официјално е потврдено снимањето на третиот филм од серијалот „Den of Thieves“, во режија на Кристијан Гудегаст, кој е и сценарист на сите филмови.
Познато е дека во ова продолжение ќе се појават актерите Џерард Батлер и О’Ши Џексон Џуниор кои глумеа и во претходните два филма.
Just getting started. #DenOfThieves3 – Coming Soon pic.twitter.com/EcILCjIOQM
— Den Of Thieves (@Den_Of_Thieves) January 30, 2025
Имено, веста за снимањето на филмот е потврдена на официјалниот профил на „Den of Thieves“ со краток опис: „Само што почнавме“.
Според Empire, Кристијан Гудегаст веќе го напишал сценариото за третиот филм, а снимањето треба да започне наскоро.
Продолжението „Den of Thieves 2: Panther“ беше премиерно прикажано на 10-ти јануари, а заплетот го следи Џерард Батлер како Николас „Големиот Ник“ О’Брајан, кој го лови водачот на крадците, Дони Вилсон, кој побегна во Европа по настаните од претходниот филм.
Дони се придружува на група мафијаши во Европа кои планираат голем грабеж на дијаманти. Филмот има 62 отсто оценка од критичарите и 79 отсто од гледачите на Rotten Tomatoes.
Фото: Принтскрин/YouTube