(ФОТО) Сè е направено во тајност – Откриено како раководните лица на „Далас“ го изневериле Дончиќ и го испратиле во „Лејкерси“: „Лука се уште е во шок“

Како гром од ведро небо, денеска ширум светот одекна веста дека Лука Дончиќ е новиот кошаркар на „Лос Анџелес Лејкерс“.
Дончиќ (25) се сели во „Лос Анџелес Лејкерс“ во трејд за Ентони Дејвис (31) кој оди во „Далас Маверикс“, а дополнително „Маверикс“ ги испратиле и Макси Клебер и Маркиф Морис во „Лејкерси“, а го добиле и Макс Кристи и пик од првиот круг во драфтот.
Оваа вест прв ја објави познатиот инсајдер Шамс Чаранија, кој подоцна откри како се случил, како што рече, еден од најшокантните трејдови во поновата историја на НБА.


Како што открил Шаранија, целата трговија се вршела во тајност. Генералниот директор на Мавси, Нико Харисон, го контактирал генералниот директор на Лејкерси и му понудил трампа за Дончиќ и Дејвис, а целата зделка била скриена од сите, вклучувајќи го и тренерот, Леброн Џејмс, па дури и самите Дончиќ и Дејвис.
„Ми беше кажано дека ниту Лука Дончиќ, ниту Ентони Дејвис, ниту Леброн Џејмс, ниту тренерите или другите играчи немаат никакво познавање за овој трејд. Можам да ви кажам со сигурност – ова е факт. Леброн немаше поим дека ова ќе се случи. Дејвис не знаеше дека ова ќе се случи. Кажано м,и едека Лука Дончиќ и понатаму е во шок поради овој трејд“, открил Шаранија.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Luka Doncic (@lukadoncic)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На денешен ден е роден нашиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков

Ѓоко Зајков е роден на 10 февруари 1995 година во Скопје. Тој е македонски фудбалер, …