Додавањето суво грозје му дава посебен шмек и го прави уште побогат.
Потребно е:
За пандишпанот:
2 јајца
100 гр шеќер
30 мл масло
2 лажици кисела павлака
100 гр брашно
1 прашок за пециво
Плус:
2 пудинзи од ванила или слатка павлака
600 мл млеко (и дополнително млеко за пудингот)
1 ванилин шеќер
100 гр суво грозје
3 мали јаболка, исечени на коцки
малку цимет
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќерот, павлаката и маслото. Додадете брашно со прашок за пециво. Сварете го пудингот во млекото, па малку изладете го.
Јаболката исечкајте ги на коцки и посипете ги со цимет.
Обложете помал плех со хартија за печење, а потоа истурете 2/3 од тестото, оставајќи го остатокот настрана.
Врз тестото посипете сечкани јаболка, па премачкајте го пудингот и одозгора наросете со суво грозје. Завршете со остатокот од тестото.
Се пече на 180 степени C околу 50 минути. Оставете да се излади, па посипете со шеќер во прав.
Фото: Принтскрин/YouTube