Денес роденден прославува нашиот познат фудбалер и тренер Ѓорѓи Христов

Ѓорѓи Христов е роден на 30 јануари 1976 година во Битола. Фудбалската кариера ја започнал во ФК Пелистер односно во неговиоте младински категории.

На 16 години, Христов започнал да настапува во првиот состав на Пелистер, пред да премине во Партизан во 1994 година. Следните три сезони ги поминал во црно-белите, победувајќи едноподруго првенства во 1995/96 и 1996/97. Во јуни 1997 година, Христов бил продаден на англискиот клуб Барнсли за сума од 1,5 милиони фунти. Тој постигнал 8 лигашки голови во неговата дебитантска сезона со клубот, но клубот претрпел испаѓање од Премиер лигата. Во следните две години, Христов пропуштил многу натпревари поради повреда на коленото, пред на крајот да го напушти клубот во 2000 година. Тој потоа се приклучил на холандскиот клуб Нејмехен. Тој се преселил во Ередивисискиот клуб Зволе во летото 2003 година.


Потоа играл за шкотски Данфермлин Атлетик, унгарски Дебрецен, израелски Хапоел Назарет, грчки Ники Волос (играл само пријателски натпревари), кипарски Олимпијакос Никозија, холандски Ден Бош и азербејџански Баку. Христов во февруари потпишал за Вардар. Таму не останал долго и во јули се преселил во финска Јуваскила.

Христов одиграл 48 натпревари за Македонија, постигнувајќи гол на своето деби во ремито 2–2 против Ерменија на 10 мај 1995 година. На 9 ноември 1996 година, Христов и Македонија го победиле Лихтенштајн со 1-11. Ѓорѓи Христов бил во почетната единаесетка и постигнал гол во 23. минута. На 2 април 1997 година, при победата од 3:2 против Ирска, во Скопје, Христов постигнал 2 гола. Тој постигнал вкупно 16 гола за репрезентацијата, со што е втор стрелец во историјата на македонскиот фудбал, зад Горан Пандев. Неговиот последен меѓународен натпревар бил во март 2005 година при квалификациита за Светското првенство 2006, против Холандија.


На 4 октомври 2011 година, Христов ја презел тренерската позиција во Металург. Меѓутоа, по поразот од Шкендија од 1:5 во реваншот од четврт-финалето на Купот на Македонија, во ноември 2012 година, Христов си поднесол оставка.

На 18 јуни 2018 година, Ѓорѓи Христов станал директор на академијата на Вардар, а од 2022 година, Христов е во стручниот штаб на ФК Парк Сити.


Од неодамна Христов е назначен за технички директор во ФФМ, задолжен за младите селекции.

Среќен роденден Ѓорѓи, ти посакува редакцијата на Екран.

 

 

 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една …