(ФОТО) Ќерката на Брус Вилис открива нови информации за здравјето на нејзиниот татко: Легендарниот актер одамна не е виден во јавност

Ќерката на Брус Вилис, Румер Вилис, споделила ретки информации за здравствената состојба на нејзиниот татко. Ѕвездата на „Умри машки“ продолжува да се бори со фронтотемпорална деменција и афазија.
36-годишната актерка открила дека нејзиниот татко „одлично се снаоѓа“ и дека нивното семејство се собрало за да се поддржуваат во тешките моменти.

„Одлично му оди“, им рекла Румер на гледачите на ITV, нудејќи охрабрувачка порака за состојбата на Брус.


– Мислам дека, очигледно, како и многу луѓе во Калифорнија, она од што сите ние некако најмногу се плашиме и со што се занимаваме се само пожарите и желбата да се увериме дека се е во ред.
И покрај предизвиците што доаѓаат со дијагнозата на Брус, Румер ја истакнала љубовта и единството во нивното семејство.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Rumer Glenn Willis (@rumerwillis)


На легендарниот Брус Вилис (69) му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД) на почетокот на 2023 година, откако претходно се откажа од глумата поради афазија, нарушување кое влијае на разбирањето на говорот и јазикот. Оттогаш неговото семејство, вклучително и неговата поранешна сопруга Деми Мур и нивните три ќерки, цело време се покрај него и му пружаат голема поддршка.
Румер сеосврнала и на своето воспитување и примерот што им го дале Брус и Деми по нивниот развод.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

– Мислам дека она за што сум најмногу благодарна е што дури и кога рсе разидоа, создадоа толку убава основа за да ми дадат приоритет на мене и на моите сестри. Никогаш не се чувствував како да треба да изберам, или како да се еден против друг. Ние бевме семејство, сепак сме семејство без разлика на се.
Деми и Брус, некогаш еден од најистакнатите парови во Холивуд, беа во брак од 1987 до 2000 година. Заедно имаат три ќерки, а по завршувањето на бракот продолжија да го негуваат своето пријателство и посветеност на семејството.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Од вторник (11 февруари) попладне снег во западните и во југозападните предели!

Ладното време ќе продолжи и во текот на новата седмица, меѓутоа, од вторник попладне, па …