Претставата „Торонто експрес” вечерва во МНТ

Во Македонскиот Народен Театар, вечерва, со почеток во 20:00 часот, Ќе биде изведена претставата „Торонто експрес”, по мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ на Зоран Спасов – Ѕоф, а во режија на
Јордан Симонов.

Адаптација на текстот: Благоја Бошковски, Александар Микиќ и Јордан Симонов


Игра: Александар Микиќ

Извршен продуцент: Виктор Рубен
Сценограф: Мартин Манев
Костимограф: Роза Трајческа – Ристевска
Графички дизајнер и дизајнер на плакат: Кристина Јорданова
Асистент на режисерот: Деспина Тодоровска
Фотограф: Кире Галевски
Инспициент: Александар Рајковски
Суфлер: Тања Ивановска
Реквизитер: Боби Ѓелиќ
Светло – мајстор: Игор Митревски
Тон – мајстор: Стефан Михајловски
Гардеробер: Скендер Бериша
Декоратери: Саво Ивановски, Хусеин Халили и Дурмиш Сефер


„Торонто експрес” е агенција за помош при емиграција во Канада. Целта на работењето е да се врбуваат сите Македонци со што колективно би се иселиле во ветената земја. Агенцијата е раководена од генералниот директор Јордан Симонов, кој е светски признат експерт во убедување како да го напуштите родното огниште и да заминете во белиот свет. Програмата и презентацијата се подготвени од Зоран Спасов Sоф, претседател на одборот на македонското комјунити. Во замена за оправдано отсутниот презентер Митре Стрелата, оваа мисија во последен момент му е доделена на Александар Микиќ – презентер без грам искуство. Во подготовка на прекуокеанскиот ивент активно учествуваа и проект-менаџерот Виктор Рубен, коментаторот Благоја Бошковски и ПР-експертот Деспина Тодоровска. Од македонска страна непроценлив придонес дадоа Рале (сопственик на продолжен кабел), Мартин (гуру за Пауерпоинт), како и една плавуша за која никој не знаеше што работи. И покрај тоа што целата екипа наликува на дружината на Алан Форд, сепак работи рентабилно и постигнува огромен успех.

Времетраење: 75 минути без пауза


Билетите се достапни на веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една …