Сееќавање: на денешен ден почина нашата позната балерина, кореограф и педагог Олга Милосавлева

Олга Милосавлева е родена во Тетово на 14 септември 1935 година. Таа беше истакната македонска балерина, кореограф и педагог.

Завршила Средно балетско училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова. И припаѓа на првата балетска генерација во современа Македонија. Била член на Балетот при МНТ (1949-1976).


Имала изразит танцов темперамент, сценски шарм и смисла за драматуршко оформување на улогата. Со кореографија почнала да се занимава од 1958 година. Таа е една од најплодните македонски кореографи. Најмногу работела врз домашното музичко-балетско творештво со национален, современ и модерен израз.

Улоги:
Гитана (М. Равел, „Болеро“),
Канделас (М. Равел, „Љубовта волшебница“),
Воденичарка (М. де Фалја, „Трирогата шапка“) и др.


Кореографии:
„Лабин и Дојрана“ (Т.Прокопиев),
„Дубровничка легенда“ (Љ. Бранџолица),
„Македонска повест“ (Гл. Смокварски) и др.

Починала во Скопје на 16 јануари 1997 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …