Сè што ќе допрат претвораат во „злато“: На овие хороскопски знаци материјалното БОГАТСТВО им е запишано во ЅВЕЗДИТЕ

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Астролозите велат дека на овие знаци богатството едноставно им е запишано во ѕвездите! Дали сте меѓу нив?

Овен
Лидери, водачи кои секогаш се на првата линија. Тие не се плашат, тие се бестрашни и секогаш сакаат повеќе и подобро! Тие се способни да заработат пари и парите ги сакаат. Тие се одлични работници и не е реткост понекогаш да знаат да одработат неколку работни места за да си обезбедат финансиска сигурност.
Она што дефинитивно ги одвојува Овните од другите знаци е тоа што тие се секогаш подготвени да ризикуваат! Тие се вистински магионичари кога станува збор за вложување пари.


Лав
Кралеви во секоја смисла на зборот. Особено кога станува збор за пари. Секогаш инвестираат во своето образование, секогаш се стремат кон највисоката позиција во корпорацијата. Лавовите се родени како шефови. Парите едноставно одат кај нив. Тие се многу сурови и без емоции кога е во прашање бизнисот. Но, тие се исто така многу фер. Тие се навикнати да бидат во глутница каде што се лидери, а не ретко имаат приватен бизнис затоа што луѓето сакаат да работат за нив. Заработуваат многу и знаат како да го поделат „колачот“ со своите работници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …