САН РЕМО – Ибрахимовиќ за време на музичкиот фестивал на тренинзи ќе оди со хелихоптер

Златан ќе биде присутен на Санремо во текот на четирите фестивалски дена и тој со хеликоптер ќе оди да ги исполнува клупските обврски таа недела
Како што беше најавено пред неколку месеци, асот на Милан, Златан Ибрахимовиќ (39) ќе настапи на Санремо! Ибрахимовиќ во Сан Ремо ќе се појави на 2 март, кога легендарниот Швеѓанец од балкански корени ќе се појави на сцената на светски познатиот фестивал. Деталите ги откри Синиша Михајловиќ. Затоа што имено, тој ќе пее со него. Тоа ќе биде вистинска „шоу програма“.
„За среќа, нема да има публика. Замислете го нередот: јас и Ибра, двајца Цигани, пееме на сцената. Не знам што ќе биде. Јас сум многу лош во пеењето. Не знам колку ќе биде ужасно, но знам дека луѓето ќе се смеат. Ибра лошо пее, но танцува малку подобро“, изјавил Михајловиќ.
Исто така беше објавено дека Златан ќе биде присутен на Санремо во текот на четирите фестивалски дена и дека тој со хеликоптер ќе оди да ги исполнува клупските обврски таа недела.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …