RIS FLOWER, со нов спот за песната “Question Mark” – од албумот “FLOW”

Ris Flower го објавува својот нов видео запис за песната “Question Mark”, која е дел од албумот “FLOW”. “Оваа песна е напишана пред три години, во емотивен период каде што се гледав себеси со прашалници, како што впрочем и велам во песната: “I see myself in the dark with the Question Mark”.. Радосен сум што тој мој “Прашалник” (името на песната) излезе од темнината и конечно ја виде светлината на денот. Песната “Question Mark” има електронски призвук, фанк гитари, а водечката мелодија е на бас гитара. Моја омилена фраза од песната е “I wonder how does it feel to wake up in someone else’s body”, вели тој.


За музиката и текстот се погрижи самиот тој, а продуцент е Мустафа Чанбазлар, снимена во Студиото Ари во Истанбул.

По фантастичниот настап со симфониски оркестар како специјален гостин на фестивалот „Performist Fest” во Истанбул, Турција, а пред неговата есенска турнеја во Јапонија (повеќе инфо во следното соопштение), Ris Flower на огромно задоволство на неговите фанови потврдува уште еднаш дека неговата интернационална кариера зема се поголем замав и дека полека ги пробива и континенталните граници!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …