(Рецепти) Заборавете на таблетите: Три моќни ПРИРОДНИ лекови кои помагаат при МИГРЕНА и ГЛАВОБОЛКА

Ако често имате главоболки, или имате мигрена, побарајте помош во природа.
Со доаѓањето на студените есенски и зимски денови, поради промената на времето, кај поголем број луѓе се почесто се јавуваат главоболки и мигрени.
Доколку и вие спаѓате во таа група, наместо таблети, чија честа употреба не се препорачува, пронајдете соодветна терапија од природата.

Чаевите како превенција
За навреме да ги спречите мигрените или главоболките, особено ако се појават поради промена на времето, пијте билни чаеви како рузмарин или ѓумбир.
Една лажичка сушен рузмарин прелијте со 250 мл врела вода. Оставете да отстои десетина минути, а потоа процедете го и испијте.


Лесно се прави и чај од ѓумбир – една лажица ѓумбир во прав прелијте со 250 мл зовриена вода. Оставете да отстои малку и кога ќе се олади, во чајот можете да додадете сок од половина лимон.
Најдобро е чајот од ѓумбир против мигрена да го пиете додека е уште млак, но не се препорачува да пиете повеќе од четири шолји од овој чај дневно.

„Чаевите од маточина, камилица и магдонос помагаат и при главоболки и мигрена“


Облоги од компири
За мигрена се препорачуваат и облоги од компири кои лесно се прават. Суровиот компир треба да го исечкате и да го прицврстите на челото со памучна крпа. Оставете ги облогите десет минути и повторете ги барем уште еднаш во текот на денот.

Етерично масло од нане
При напади на мигрена, можете да користите и есенцијално масло од нане за масажа на слепоочниците или како инхалација.
Ако не сте во можност да купите чисто есенцијално масло од нане, можете да направите тинктура. Неопходно е да се прелеат 20 грама суви листови нане со 100 мл 70% медицински алкохол. Оставете ја смесата да отстои 15 дена, а потоа процедете ја низ памучна газа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …